Ким Расмусен во “црвено-црното” семејство:Со Индира ќе работиме напорно за да бидеме најдобри на светот!

На денешната прес конференција, женскиот ракометен колектив на Вардар го претстави своето ново засилување. Станува збор за актуелниот селектор на Полска, Ким Расмусен кој ќе го засили стручниот штаб на вардарки. Данскиот тренер најголемиот тренерски успех го постигна со репрезентацијата на Полска, а го освои четвртото место на Светското првенство во Србија и 11-то место на последното Европско првенство во Хрватска и Унгарија.
Гордана Нацева, претседател на клубот:
Стручниот тим се засилува со Ким Расмусен од Данска неговата позиција ќе биде тренер консултант. Индира Кастратовиќ останува прв тренер на тимот, а заедно со Ким ќе ги организираат тренинзите. Со неговото искуство и идеи ќе ја збогати играта на Вардар.
Давор Стојановски, директор на клубот:
Ракометниот клуб Вардар потпиша две и пол годишен договор, тој сеуште ќе биде тренер на полската репрезентација мене ми е драго што тимот на ЖРК Вардар за прв пат носи тренер од Данска и му посакувам успех.
Индира Кастратовиќ, тренер на ЖРК Вардар:
Пред се да му посакам на Ким добредојде и се надевам бргу ќе се вклопи во тимот, ние уште денес започнуваме, не очекува патување за Унгарија каде ќе одработиме дел од подготовките.
Ким Расмусен, тренер-консултант во Вардар:
Многу сум среќен што сум во Скопје и дел од овој колектив. Ќе работиме заедно со Индира, за да бидеме најдобри на светот.