Ким Андерсон повторно надвор од ракометните терени: Лекарскиот тим на Киф Колдинг констатираше фрактура на прстот на Ким Андерсон

По повредата која ја заработи на натпреварот против Висла Плок, лекарскиот тим на Киф Колдинг констатираше дека Ким Андерсон има фрактура на прстот по што е јасно дека ќе ги пропушти следните натпревари на својот тим кои се на програмата во среда и недела. Очигледно Андерсон нема среќа со повредите посебно ако се знае дека поради повреда ја пропушти целата мината сезона и штотуку го имаше своето враќање на теренот.