Ким Андерсон и Виудес завршија во болница во Полска

Во четвртокот екипата на Киф Колдинг Копенхаген забележа значајна победа во Полска во борбата за првото место во својата група против екипата на Висла со 28-29. Сепак данската екипа ја плати цената на оваа победа со повредите на едни од најдобрите свои ракометари, швеѓанецот Ким Андерсон и французинот Кирил Виудес. Во борба со противничката одбрана и двајцата ракометари добија тешки удари по кои беа пренесени во болница. Виудес се пожалил на болки во вратот, но по извршените прегледи било констатирано дека нема некоја посериозна повреда на вратот, но сепак бил задржан поради сериозноста на повредата по тешкиот дуел. Во случајот на Ким Андерсон полските лекари констатирале мала повреда на срединиот прст. Киф Колдинг Копенхаген официјално за неговата повреда ќе се изјасни по прегледите кои ќе ги изврши нивниот лекарски тим, па како резултат на тоа неизвесно е дали данската екипа ќе може да смета на услугите на својот најдобар ракометар на реваншот во Трефор Арената во Брондби кој е на пограмата на 23 ноември.

kif pov