Кил убедливо против Мешков Брест

Ракометарите на Кил продолжија со низата победи во Лигата на шампионите. По Металург немоќни против Кил беа ракометарите на белоруската екипа, Мешков Брест. Кил триумфираше со убедливи 33:22 ( 17:11) и го завери првото место во А групата. Нападот на Кил го предводеше Марко Вујин кој постигна шест погодоци. Кај Мешков Брест најефикасен беше Никола Манојловиќ со четири погодоци. Гостинската екипа од Белорусија на овој натпревар настапи без еден од клучните играчи во екипата, Јанко Божовиќ. Со овој пораз екипата на Мешков Брест не обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри.