Кил стигна до нова победа во Бундеслигата

Во натпревар од 15 коло на Бундеслигата, шампионот Кил ја продолжи победничката серија совладувајки го Гумерсбах со 33-27. По оваа победа популарните зебри се израмнија со Рајн Некар Ловен на првата позиција на табелата и и ја продолжуваат борбата за шампионската титула.

БУНДЕСЛИГА

КИЛ-ГУМЕРСБАХ 33-27 (13-11)

Кил со двата гола на Канељас добро го отвори натпреварот и поведе со 2-0. Но упорните гости со головите на Симон и Раул Сантос го превземаа водsтвото на овој натпревар поведувајки со 5-7 во 18 минута. Гунар Стејн го доведе Гумерсбах на највисоки +3 во 21 минута, 6-9. Предноста од 3 голови разлика (7-10) гостите ја одржуваа се до 24 минута кога Кил успеа да направи серија од 4-0 предводена од Кристијан Шренгер и да поведе со 11-10 на три минути до крајот на првото полувреме. Доминик Клајн го постигна последниот гол во првиот дел за конечни 13-11.

Кил направи серија од 6-1 во почетните 5 минути од вториот дел и поведе со 19-12 во 35 минута со што направи голем чекор кон нова победа во Бундеслигата. До крајот на натпреварот германскиот шампион рутински ја одржуваше разликата помеѓу 5 и 7 голови разлика, а Вујин стави точка на натпреварот за конечни 33-27.

Вајнхолд и Канељас со 8 погодоци беа најпрецизни во екипата на Кил, а во составот на Гумерсбах левото крило Раул Сантос постигна 9 голови.