Кил спасуваше бод во Целје!

Словенечкиот шампион го направи единственото изненадување од денешната програма во Лигата на шампионите, во својата Златорог Арена ремизираше со германскиот шампион Кил, со резултат 23-23.
Во текот на целиот меч, резултатот беше неизвесен и изедначен. Словенците ја имаа иницијативата и имаа предност по првите петнаесет минути, но Дисинџер и Вајхолд во средината на првиот дел обезбедија прво водство за Кил, кое во 25-та минута Канељас го претвори во три голови предност 10-13. Сепак до истекот на триесетте минути домаќините успеаа да изедначат и на полувреме да заминат со резултат 14-14.
Вториот дел започна со низа од три погодоци во мрежата на Целје, разлика која се задржа до 46-та минута. Во последните 10 минути од натпреварот двете екипи влегоа изедначено на 20 голови, а Целје повторно ја воспостави контролата врз резултатот.Во последната минута Целје имаше предност од еден гол, но нападот за победа го прокоцка Миха Зарабец, по што следуваше казна на спротивната страна. Голот на младиот крилен ракометар Дамке стави точка на оваа средба за конечни 23-23.
Најпрецизен на теренот беше Дамке со пет постигнати голови, додека Дисинџер постигна четири за Кил. Кај домаќинот Ивиќ и Јанц по четири пати се запишаа во листата на стрелците.

ФОТО: Грегор Катиќ / Gregor Katič