Кил со нова рекордна понуда за Палмарсон

Германскиот шампион Кил има сериозни проблеми со бековската линија која треба да ја одбрани националната титулата во продолжение на првенството. Откако на Европското првенство се повредија Дисинџер и Вајнхолд, управата на клубот е одлучна да го врати во своите редови најдобриот исландски ракометар Арон Палмарсон.
Палмарсон на почетокот на сезонава направи трансфер од Кил во унгарскиот шампион Веспрем, а неговиот договор ќе трае до 2019 година, затоа и управата на „зебрите“ по првичната понуда не очекуваа да дојдат до договор помеѓу управите на двата пријaтелски клуба.
Затоа новонастанатата состојба со повредените ракометари ги промени работите, Кил мора да донесе квалитетен бек во борба за титулата во Германија, а како најсоодветно решение е поранешниот член на клубот Арон Палмарсон.
Според исландските медиуми „зебрите“ одат до таму што за откуп на договорот на унгарскиот шампион се подготвени да му исплатат 3 000 000 евра, што ќе биде највисок трансфер во поновата ракометна историја.
Да потсетиме, на крајот на минатата сезона, сума од околу 2 000 000 евра и исплати ПСЖ на Барселона за откуп на договорот на Никола Карабатиќ.

Доколку се реализира овој трансфер ќе биде најскапиот во историјата на ракометот.