Кил преку Лајпциг до осумте најдобри во Купот на Германија

Еден од фаворитите за титулите во Германија, Кил успеа да се пласира во четвртфиналето во Купот на Германија совладувајќи го Лајпциг на гостински терен со 31:23.

„Црно-белите“ се покажаа како надмоќни во текот на целиот дуел, а победата си ја обезбедија веќе по првите 30 минути кои ги завршија со предност од 15:8.

До крајот оваа предност „зебрите“ успешно ја сочуваа па дури и ја надградија со што успеаја да слават убедливо и во форма да го дочекаат наредниот дуел против Гумерсбах.

За Лајпциг останува да си го подобри своето конто на победи во Бундеслигата и да го избори опстанокот за кој се борат повеќе екипи.