Кил не губи двапати по ред: Поразен е Фленсбург за успешно враќање во ритам

Германскиот шампион Кил не губи два натпревара по ред. По шокантниот пораз од Лемго во првото коло од бундеслигата, популарните “зебри” се вратија со стил совладувајки го европскиот првак Фленсбург со 30:26 (13:15) во еден од најголемите германски и светски ракометни дерби натпревари.

Почетокот на натпреварот им припадна на ракометарите на Кил кои по првите десет минути веќе имаа предност од три голови разлика 7-4. Но следуваше период на натпреварот кој буквално потсети на финалето на Лигата на шампионите помеѓу овие две екипи. Фленсбург се врати комплетно во игра правејки серија од 4-0 за водство од 7-8 во 15 минута од натпреварот. По овој пресврт Фленсбург ја имаше контролата на натпреварот се до 24 минута кога Кил успеа да го израмни резултатот на 10-10. До крајот на првиот дел Фленсбург постигна пет, а Кил три голови за конечни 13-15 по триесет минути игра.

Во второто полувреме “зебрите” полека но сигурно се вратија во игра, и до 40 минута резултатот беше нерешен 18-18. Во наредниот период од 40 до 46 минута Кил успева да направи серија од 6-0 за (24:18) и се чини дека тука беше скршен отпорот на Фленсбург. Европскиот шампион имаше уште еден обид да се врати во игра во 49 минута кога со серија од 3-0 успеа да го намали резултатот на -3 (24:21) и тоа беше се што успеаа да направат. Кил со нова серија од 4-0 го зададе конечниот удар поведуваки со 28:21 на пет минути до крајот на натпреварот. До крајот Кил рутински ја зачува својата предност за конечни 30:26, и успешно враќање на “зебрите” по изненадувачкиот пораз од Лемго во првото коло.

Јиха

 

Најпрецизни ракометари во редовите на Кил беа Филип Јиха со седум, и Вајнхолд со шест погодоци. Извонреден на голот беше и Јохан Стросјанд со 18 успешни интервенции.

Во екипата на Фленсбург Гландорф и Сван постигнаа по шест погодоци.

Погледнете ги најдобрите моменти од натпреварот: