Кил најде десно крило во Данска

Вицешампионот на Германија, Кил уште сега размислува за засилувања за наредната сезона. Играч за кој покажуваат интерес е десното крило на Силкеборг, Јохан Хансен.

Спортскиот директор на Кил, Виктор Шилаги за весникот “Kieler Nachrichten” потврди дека подолго време ги следат игрите и напредокот на Данецот. Можеби овој трансфер ќе ги прекине шпекулациите за Блаж Јанц за трансфер во Кил.

Јохан Хансен е играч кој потекнува од Фарските Острови, но потоа одлучил да настапува за репрезентацијата на Данска. Со селекцијата до 21 година го има освоено сребрениот медал на Светското првенство во 2015 година, а во 2019 беше дел и од шампионскиот тим на сениорското Светско првенство.