Кил и Фуксе Берлин се избегнаа, можно е германско финале во Купот на ЕХФ

Со одредувањето на двојките за полуфиналето во Купот на ЕХФ, ова натпреварување влезе во завршна фаза и веќе е познато кој против кого ќе игра на патот до финалето, кое се организира во Кил на 17 и 18 мај. Двете екипи од Германија се одбегнаа во полуфиналните пресметки, па можно е тимовите од Бундес лигата да се најдат во финалниот меч.

Составот на Кил, кој ќе ја има поддршката на домашната публика во полуфиналето ќе игра против Холстебро од Данска. Во второто полуфинале Фуксе Берлин ќе има пресметка со тимот на Порто.

Ова се два интересни дуели на кои е јасно дека Кил и Фуксе Берлин ќе бидат со улогата на фаворити и доколку сè оди по план може да се најдат во финалето на 18 мај. Ден претходно ќе се одиграат полуфиналните натпревари така што е сосема извесно дека ќе има интересни средби особено ако се знае дека Порто имаше импресивна сезона во групната фаза.

В0 ова натпреварување Македонија беше претставувана од две екипи. Учествуваа Еурофарм Работник и Пролет 62. Тимот од Битола играше во групната фаза каде што имаше дуели со четврт-финалистот Татабања, учесникот во СЕХА, Нексе и бундеслигашот Хановер. Пролет 62 загуби од Карвина уште во 2. коло.