Кил и Магдебург ќе се борат за титулата во Купот на Германија!

Се одиграа полуфиналните натпревари од Купот на Германија. Во првиот меч на програмата беше дуелот помеѓу Магдебург и Хановер, во кој Магдебург славеше победа 30:29. Во вториот дуел се сретнаа Кил и Фуксе Берлин, во кој фаворитот успеа да се палсира во финалето, го доби натпреварот 24:22.

Магдебург во неизвесе натпревар успеа да обезбеди пласман во финалето и борба за трофејот. Во првиот дел со добра игра Магдебург направи добра предност од четири голови, 15:11. Во вториот дел Хановер успешно се врати во натпреварот и го доби второто полувреме 18:15, но тоа не беше доволно да се спречи Магдебург да избори меч за трофејот во германскиот куп.

Противник на Магдебург ќе биде составот на Кил, кој во вториот натпревар го совлада Фуксе Берлин потешко од што изгледаше дека ќе биде по првиот дел. Кил со својата претпознатлива игра во нападот и одлична одбрана веќе по првите 30 минути имаше добра предност 13:7. Во вториот дел се очекуваше ‚‚зебрите‘‘ да го докрајчат противникот, но тоа не го мислеа и ракометарите на Фуксе Берлин. Успеаја да се вратат во мечот и да стигнат на минус еден гол, 21:20, но во финишот немаа сили за целосен пресврт.

Во финалето во недела во 15:10 часот ќе играат Кил и Магдебург за првиот трофеј сезонава во Германија.

Куп на Германија. Полуфинале. Резултати

Магдебург – Хановер 30:29 (15:11)
Кил – Фуксе Берлин 24:22 (13:7)