Кил без Доминик Клајн до крајот на сезоната: Хендрик Лундстром се реактивира да му помогне на својот поранешен клуб

Шведското лево крило Хенрик Лунстром по три години пауза ќе направи кам-бек во ракометот. Швеѓанецот се враќа да му помогне на својот поранешен клуб Кил кој по незгодната повреда на лигаментите со која се здоби Доминик Клајн, остана на младиот 21 годишен Руне Дамке кој исто така се жали на повреда.
Лундстром (35) го носеше дресот на “зебрите” во периодот од 2004 до 2012 година, во кој три пати триумфираше во ЕХФ Лигата на шампионите, седум пати беше шампион на Германија, а пет пати го освои купот на оваа земја. Одигра 425 официјални натпревари постигнувајки 1106 гола. Во 2012 година се врати во Шведска каде одигра две сезони во дресот на Редбергслидс Гетеборг, пред да стане директор на овој клуб минатото лето.

Поминав многу прекрасни и успешни години во дресот на Кил, и токму затоа сакам да му помогнам на клубот во оваа незгодна ситуација. Иако изгледа малце и нереално, но јас сум пресреќен што ќе ја имам можноста уште еднаш да го носам дресот на Кил.