Кикс на богатите: ПСЖ падна кај Флензбург

Составот на ПСЖ повеќе не е на списокот на непоразени екипи во Лигата на шампионите бидејќи денеска на гостувањето во Германија кај Флензбург претрпе пораз со 29:33. Богатиот тим од Париз беше немоќен на ова гостување така што остана зад Веспрем кој сега е единствениот состав со три од три во ЛШ во групата Б.

Клучниот играч во редовите на Флензбург беше Лауге кој го торпедираше голот на гостите. Постигна дури 11 гола, а на спротивната страна браќата Карабатиќ беа надвор од форма во нападот. Никола доби и две исклучувања така што не им помогнаа многу на колегите, па ПСЖ го претрпе првиот пораз сезонава.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

НАНТ – РАЈН НЕКАР   26:26 (15:16)

НЕДЕЛА, 1 ОКТОМВРИ

ПИК СЕГЕД – КРИСТИЈАНШТАД   17ч

ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ   17ч

ВИСЛА ПЛОЦК – БАРСЕЛОНА  19ч

ГРУПА Б

КИЛ – АЛБОРГ   27:26 (13:12)

БРЕСТ МЕШКОВ – ВЕСПРЕМ   26:29 (12:14)

ФЛЕНЗБУРГ – ПСЖ   33:29 (13:14)

ЦЕЛЈЕ – ВИВЕ КИЕЛЦЕ   31:27 (16:12)

ГРУПА Ц

ДИНАМО Б. – КАДЕТЕН  29:28 (14:12)

АДЕМАР – ЕЛВЕРУМ   26:30 (10:12)

НЕДЕЛА, 1 ОКТОМВРИ

ГОРЕЊЕ – СКЈЕРН   17ч

ГРУПА Д

ЧЕХ. МЕДВЕДИ – БЕШИКТАШ   27:29 (17:13)

МЕТАЛУРГ – СПОРТИНГ   28:27 (17:13)

НЕДЕЛА, 1 ОКТОМВРИ

МОНПЕЉЕ – МОТОР З.   17ч