Киелце пред четвртфинална промоција: Полјаците со плус четири се враќаат од Франција

Екипата на Киелце е со едната нога во четвртфиналето откако успеа да го совлада Монпелје на негов паркет со 25-29 (13-16).

Мачковшек го доведе Монпелје во прво водство на натпреварот, а одбраните на двата тима беа на висина на задачата на самиот почеток на овој дуел. По почетните пет минути резултатот беше 2-2, пред Хулен Агинагалде да го доведе Киелце во водство, кое во наредната акција Чупиќ преку контра го зголеми на 6-4. Во продолжението на првиот дел полскиот шампион успеваше да ја одржи разликата помеѓу два и три погодоци, а на полувреме замина со 13-16.

Во почетните петнаесетина минути од вториот дел Киелце подолжи во ист ритам успевајки да ја одржи позитивата од +3, 23-20 (45 минута). Мартин Шего беше одличен на голот на полскиот шампион и не дозволуваше домаќините да фатат приклучок во натпреварот. На десетина минути до крајот Киелце имаше водство од 21-25, на кое домаќините оговорија со серија од 3-0 за враќање на -1, (24-25) со што натпреварот влезе во неизвесни последни пет минути. Киелце подобро се снајде во последниот дел од натпреварот, успеа да ги казни грешките во одбраната на домаќинот и со серија од 4-1 стигна до победа од 25-29. Големи четири голови позитива пред реваншот во Полска со кои Киелце е со една нога веќе во четвртфиналето.

photo: facebook/vivetauronkielce