Киелце е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите!

Само два погодока го делеа француски Монпелје од комплетна сензација во двомечот со полскиот шампион Киелце. Екипата на Талант Душебаев по првиот натпревар кој го одиграа во Монпелје имаше предност од четири погодоци (25-29), а како првопласирана екипа во групата Д беше огромен фаворит во пресрет на реванш натпреварот.
Монпелје покажа дека нема слаби екипи во овој дел од натпреварувањето, а самодовербата на полските ракометари ја нарушија уште во првото полувреме кое заврши во полза на Французите 14-15. Француската екипа пристигна во Киелце без својот тренер Патрис Канаје, но тоа не ја намали желбата за реванш. Тие ја имаа контролата над натпреварот и резултатот, но не успеаа да се одалечат на поголема разлика од три погодока и покрај совршената игра на аргентинскиот центален бек, Симонет. Во 50-та минута од натпреварот Полјаците успеаа да го намалат водството на два гола 27-29, разлика која остана до истекот на шеесте минути за конечни, 31-33.
Но покрај победата на Монпелје, на крај се радуваа полските прваци поради предноста која ја имаа по првиот натпревар, а која остана недостижна за Французите.
Фантастична партија имаше Диего Симонет кој постигна 11 голови, а Теж го следеше со осум. Во редовите на домашниот тим, Киелце, Бунтиќ постигна седум погодоци.

ФОТО:www.vtkielce.pl