Киелце го крие билетот за Келн: Вардар против полскиот шампион!

Извлекувањето за четвртфиналето од Лигата на шампионите се одржа денес во Виена, во студиото на телевизиската мрежа „Скај“ со што ги добивме сите четвртфинални дуели.  На патот до фајналфор нашиот Вардар ќе ги одмери силите со полскиот шампион Киелце. Ова ќе биде прв дуел на таткото Талант и синот Алекс во ова натпреварување. Во однос на можните противници на вардарци полскиот тим има помалку квалитетни ракометни ѕвезди, и веројатно беше најпосакуван противник  од четирите екипи во првиот барaбан. Овој дуел воедно ќе значи и средба помеѓу Алекс и Талант Душебаев по дуелите во АСОБАЛ лигата, кога Талант го водеше Атлетико Мадрид, а Алекс играше за Арагон.

Сите четвртфинални двојки се:

Загреб – Барселона

Вардар – Кјелце

ПСЖ – Веспрем

Сегед – Кил

10565152_10152900160238666_6664210822906813837_n