Келце не дозволи нова сензација, обезбеди борба за титулата во Полска

Во полуфиналето од плеј-офот на првенството на Полска, Келце го имаше за противник тимот на Гвардиа Ополекој во првиот дуел изненадувачки славеше 32:31. Сепак фаворитот во реваншот на свој терен се одмазди за сензационалниот пораз во првиот дуел и го совлада составот на Гардиа со 37:28.

Со оваа победа Келце е првиот финалист во полскиот шампионат. Негов противник се очекува да биде Висла Плоцк која по првиот дуел на гостувањето кај Квиджун оствари победа со двоцифрена разлика.

Во Келце најефикасен беше белорускиот репрезентативец Владислав Кулеш со шест погодоци, а во составот на Гвардиа Ополе и вкупно на натпреварот најдобар стрелец беше Патрик Маер со осум голови.