Келце и Висла Плоцк десеткувани пред реваншот за титулата

Играчот на Висла Плоцк, Ренато Сулиќ и левиот бек на Келце, Владислав Кулеш се соочија со казни за направените инциденти на првиот од двата финални натпревари помеѓу двата најголеми ривали во Полска. Првиот финален натпревар заврши нерешено, 26:26, но тој меч сепак го обележаа неколку инциденти.

Сулиќ со намера го удри Алекс Дукшебаев во стомакот, а четириесетина секунди подоцна, Владислав Кулеш  му возврати со сличен потег и удар во коленото на Хрватот. Сега и двајцата се суспендирани за реваншот кој ќе се одигра в сабота.

Келце реваншот го игра на свој терен, но ќе се соочи со голем проблем бидејќи тренерот Талант Дујшебаев на левата бековска позиција го има слободен само Марко Мамиќ. Михал Јурецки е надвор од терените уште од поодамна.