Келце засилен ќе дојде во Скопје, Кулеш се враќа во стројот

Белорускиот репрезентативец Владислав Кулеш кој летово се пресели во Келце, конечно ќе дебитира денеска за полскиот шампион на натпреварот против Стал Миелец. Тој се повреди во подготвителниот период и дури по три месеци ќе го одигра првиот официјален меч.

Талант Душебаев за почеток најчесто ќе го користи во одбраната, иако на таа позиција се повредени и Марко Мамиќ и Микал Јурецки, па најверојатно Даниел Душабаев ќе има офанзивни задачи. Кулеш би требало да игра и во Скопје на средбата против Вардар на 1 декември.

Келце од стартот на сезоната ниту еднаш не бил комплетен, а листата на повредени полека се намалува. Лука Циндриќ заработи повреда на мускулот на ногата во Брест, има хематом, но најверјатно ќе биде паузира кратко.

Криштоф Лијевски и Арцјом Каралек имаат проблеми, првиот со поврдата на грбот, а белорускиот интернационалец има инфекција. Келце по седум кола има 10 бодови и се наоѓа на третата позиција пред Вардар кој има исто толку.