Келн останува домаќин на Фајнл Фор турнирот до 2020!

Европската Ракометна Федерација соопшти дека е постигнат нов договор со досегашниот домаќин на Фајнл Фор турнирот во Лигата на шампионите.
На вчерашниот состанок во Валенсија, извршниот комитет на ЕХФ донесе одлука да ја продолжи соработката со градот домаќин Келн, а „Ланксес Арената“ ќе биде местото каде ќе се прогласува победникот во Лигата на шампионите уште најмалку пет години.

Новиот договор ќе го опфати периодот од 2017-2020 година, и ќе го дополни веќе постоечкиот договор кој градот домаќин го има со ЕХФ, а кој истекува во 2016. Со новата соработка, организаторот на настанот ЕХФ маркетинг вклучи посебна клаузула во која се овозможува во 2018, 2019 или 2020 година по желба да може да се организира еден настан или натпреварувачки ден во нов град.

Претседателот на ЕХФ, Жан Бриож по потпишување на новиот договор истакна:
„Во последните пет години имаме одлична поддршка од градот Келн и „Ленксес Арената“, токму оваа соработка недвојбено беше причина за огромниот успех на Велукс Фајнл Фор турнирот на ЕХФ. Од досега постигнатото, навистина се радувам на зацврстување на нашето партнерство и во наредните години.“

ФОТО: LANXESS AG