Кежиќ: Се боревме за секоја топка и гиневме еден за друг

Охрид за првпат во историјата настапи во европските купови, и веднаш помина едно коло во Купот на ЕХФ. Иако тешко сепак, македонскиот тим славеше во реванш дуелот и ќе оди на мегдан на силниот Порто во следната фаза. Еден од носителите на играта е Јосип Кежиќ, кој вели дека пресуди поголемата желба.

„Имавме голема предност што двата меча ги игравме на домашен терен, но на крајот пресуди нашата желба, ние можеби повеќе ја сакавме победата. Се боревме за секоја топк, за секој шут во одбрана и на крајот тоа беше клучот. Волендам не спаѓа во врвот на европскиот ракомет, но не знаевме што да очекуваме, бидејќи гледавме снимки од лани, не се истиот тим и не беше лесно, но пак ќе кажам, срцето, желбата, волјата, публиката беше плус за нас и ние сме во второ коло. Порто е фаворит, но ние ќе се бориме максимално, па нека биде што ќе биде.“ – изјави Кежиќ.