Квалификации за Рио: Русија преку Полска до првите бодови

Репрезентацијата на Русија е домаќин на квалификациската група за женскиот олимписки турнир во Рио. Вo Астрохан, освен Русија за место на Олипијадата ќе се надеваат Полска, Шведска и Мексико.

Во воведниот дуел Русија со минимални 25-27 ја совлада репрезентацијата на Полска и ги запиша првите два бода на табелата. Полјачките одиграа добар натпревар, по полувремето имаа нерешени 11-11, а неизвесно беше до самиот крај, но Русинките ја искористија предноста што ја носи домашниот терен и дојдоа до посакуваната победа за конечни 25-27.

Во вечерниот термин Шведска ќе ги одмери силите со Мексико, натпреварот е закажан за 18:00, а апсолутни фаворити во овој натпревар ќе бидат избраничките на Хеле Томсен.