Кањелас: Киелце ќе сака одмазда

По непланираниот пораз на Вардар од Рајн Некар на домашен терен, македонскиот првак оди на гостување кај европскиот првак Киелце, на дуел кој ќе одлучи кој тим ќе презими на првата позиција на табелата во групата Б. Киелце беше високо поразен во Скопје, но пред нивна публика сигурно ќе сакаат реванш.

„Се надевам дека ќе можеме да ја повториме таа добра игра од гостувањето во Франкфурт и против Киелце, но секако, нема да биде лесно. Тие се шампиони од минатата сезона, го имаат истиот силен тим, а има и многу разлики меѓу Рајн Некар и Киелце. Една голема разлика беше тоа што во Германија игравме во полупразна сала, со 2.000 гледачи, а 500 од нив не поддржуваа нас. Во Киелце нема да биде така. Атмосферата таму ќе биде многу тешка за нас и ќе го направи натправарот потежок отколку тој во Германија. Мора да играме многу добро ако сакаме да освоиме некој поен таму. Се надевам дека можеме да бидеме, барем, на нивото од гостувањето кај Рајн Некар, но знам дека ќе биде потешко. Сум играл само еднаш во Киелце, но тоа беше одамна. Малку личи на овде по атмосферата. Можеби не е една од најголемите сали во светот, но сигурно е една од оние во кои чувствувате дека публиката е блиску до вас и тоа ви прави да не ви е баш најудобно. Не знам како ќе биде овој пат, но сигурно дека по натпреварот кој го добивме во Скопје, тие ќе бидат подготвени да се борат со нас. Се чувствувам подобро со тимот. Секогаш кога менувам нов клуб, а имам искуство со тоа, ми треба време. Ги познавате некои од играчите, но ви треба време, така е со повеќето ракометари. Сега се чуватвувам многу подобро отколку на почетокот на сезоната и се надевам дека ќе продолжам да се подобрувам и да му помагам на тимот.“ – изјави шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас.

Мечот против Киелце се игра в недела од 18 часот.