Катрине Лунде заминува од Ѓер?

Репрезентативката на Норвешка и членка на Ѓер, Катрине Лунде која оваа сезона не настапува поради бременост, постои опција да го напушти Ѓер и следната сезона да брани во друг клуб. Во норвешките и во унгарските медиуми се појави информација дека Катрине Лунде не е задоволна бидејќи платата и била намалена за педесет проценти. Во наредните денови се очекува да има подетални информации. Чувари на мрежата на Ѓер оваа сезона се Орсолија Хер и Јелена Грубишиќ која во Ѓер пристигна од Крим како замена за норвежанката.

Фото: www.zimbio.com