Катастрофа на ЖРК Вардар во ,,Автокоманда”: ЖРК Металург на чекор до второто место во македонската Супер лига

Вториот тим на ЖРК Вардар денес доживеа вистинска катастрофа во Супер лигата. Иако натпреварот против ЖРК Металург требаше да биде дерби, на теренот постоеше само еден тим. Составот на ЖРК Металург триумфираше со 27:14 (13:3) и веќе го осигура второто место во Супер лигата. Ракометарките на Вардар беа целосно изгубени во првиот дел, постигнаа само три голови, направија многу грешки, додека домашниот тим предводен од Александар Петровски делуваше моќно во текот на целиот натпревар.

ЖРК Металург – Вардар 27:14 (13:3)

ЖРК Металург: Серафимовска, Каранфиловска, Антиќ, Белевска 5,  Јовановска 1, Николиќ 4, Стојковска 2, Николовска 2, Дабевска 1, Ливриниќ 4, Саздовска, Ципушева, Дурланова, Великовска 2, Ристовска 6, Петковска.

Вардар 2: Белимезова, Прленда, Петровска, Ангеловска, Трпковска, Николовска, Бојаџиска 1, Ладева, Тодоровска 1, Нолевска 5, Трајчевска, Џини, Керамитчиева 7, Мишевска, Трајковска, Гичевска.