Катастрофа во Волгоград: ЖРК Вардар декласиран од Динамо

ГРУПА 1
ДИНАМО СИНАРА-ЖРК ВАРДАР 33-25 (15-12)

Вардарки добро го започнаа овој натпревар и со головите на Дембеле, Пенезиќ и Радичевиќ го имаше почетното водство од 1-3 по четири минути игра. Акопјан од седум метри стрелаше за првиот гол на Динамо. Водството од два гола позитива “црвено-црните” го одржуваа до десеттата минута кога со вториот гол на Дембеле имаа водство од 3-5. По оваа следуваа катастрофални 20 минути во продолжението на првиот дел за вардарки.Со големиот број на технички грешки во офанзивата “црвено-црните” ја вратија екипата на Динамо Синара комлетно во игра. Немавме решение за бековското дуо на противникот Кочетова-Акопјан (заедно постигнаа 9 гола во првиот дел). Токму Кочетова со два гола во серија најпрво израмни на 5-5 во 10 минута, а минута подоцна го донесе и првото водство за Динамо 6-5. До крајот на првиот дел русинските имаа комплетна иницијатива а на четири минути до крајот дојдоа до својата највисока предност 15-10. Радичевиќ и Николиќ погодија за конечни 15-12 за Динамо по првите 30 минути.
И во вториот дел иста слика на теренот. Конфузен Вардар, Кочетова и Акопјан незапирливи за нашата одбрана, а разликата постојано се зголемуваше. Дмитриева на осум минути до крајот ги донесе највисоките 27-18 за Динамо, разлика која русинките рутински ја одржаа до крајот за конечни 33-25.

Најпрецизни во редовите на “црвено-црните” беа Радичевиќ и Пенезиќ со 7 постигнати погодици. Кочетова го предводеше нападот на Динамо постигнувајќи 9 гола.

По овој пораз на ЖРК Вардар му преостанува да се бори и за четвртата позиција на табелата која носи пласман во четвртфиналето.