Катастрофална вечер: Полјаците имаа 6 од 6 промашени седмерци (ВИДЕО)

Ракометарите на Полска со убедливи 32-13 го добија натпреварот против Саудиска Арабија, но поставија еден неславен рекорд. Полските ракометари изведоа шест седмерци и не успеаа ниеден да претворат во погодок. Лијевски, Биелицки, Дашек на два пати, Ројевски и Јурецки не успеаа да го најдат патот до мрежата на голманот на Саудиска Арабија, Али Ал Сафар.