Катар патува за Рио, слободни уште осум места!

Во изминатите 13 дена, Доха беше домаќин на ракометниот квалификациски турнир за Олимиските игри во машка конкуренција. Во две групи единаесет азиски земји и Австралија се натпреваруваа за место меѓу петте олимписки кругови.

Очекувано, светскиот вицепрвак Катар во финалето беше подобар од Иран со 28-19, и обезбеди директно учество на Олимписките игри. Во полуфиналето Катар беше поуспешен од Јужна Кореа со резултат 30-26, додека Иран го совлада Бахреин со резултат 30-35. Со овој резултат Катар ќе патува директно за Рио додека Иран и третопласираниот Бахреин (во натпревар за трето место беше подобар од Јужна Кореа, 34-21) ќе играат дополнителни олимписки квалификации.

Катар им се приклучи на Франција, Бразил и Аргенитна како една од четирите сигурни репрезентации кои ќе настапат на олимпискиот турнир.

Македонија се уште мора да го почека расплетот на Европското првенство во Полска, од кое зависи дали македонската репрезентација ќе се натпреварува на нов олимписки квалификациски турнир. Како што стојат работите во моментот, Словенија успеа да влезе во една од олимписките квалификациски групи, но  за Македонија треба да се поклопат европските коцки.

2016 Олимписки квалификациски турнир #1 2016 Олимписки квалификациски турнир #2 2016 Олимписки квалификациски турнир #3
  •  Полска
  •  Словенија
  •  Чиле 
  • вицепрвак АФРИКА 
  •  Шпанија
  •  Германија
  •  Иран 
  • третопласиран ЕВРОПА
  •  Данска
  •  Хрватска
  • вицепрвак ЕВРОПА
  •  Бахреин 

На Олимпискиот турнир во ракомет ќе настапат 12 репрезентации, уште две места се резервирани за Европскиот и Африканскиот шампион, а останатите 6 репрезентации ќе се бираат од квалификациските турнири (најдобрите две репрезентации од секој турнир).