Катарците со ладен туш за Французите

На вториот натпреварувачки ден од Златната лига, репрезентацијата на Катар успеа да им нанесе пораз на Французите со резултат од (28-25).

Иако домаќините ја имаа контролата во првиот дел кога водеа со (13-9), Катарците успеаа да ги консолидираат своите редови во предолжението и да го свртат натпреварот во своја корист што на крајот резултираше со нивен триумф од (28-25).

“Првото полувреме и почетокот на вториот дел беа добри за нас. Она што се покажа како прoблематично на наша страна беа големиот број на удари кои ги пропуштивме во вториот дел. Наместо да направиме разлика од пет, шест погодоци, Катар успеа да ја превземе предноста. Беа поагресивни од нас и не се напразно светски вице-шампиони. Тие се искусен состав и тоа нас не чинеше пораз денеска” изјави Никола Карабатиќ

Во вториот натпревар Дамгард ја предводеше репрезентацијата на Данска до победа против Норвешка со резултат од 34-30.

На програмата денес се натпреварите Норвешка-Катар и Франција-Данска.