Катарина Јежиќ ја засилува Баја Маре

Репрезентативката на Хрватска и ракометарка на ЖРК Локомотива, Катарина Јежиќ од наредната сезона ќе настапува во Романија за екипата на Баја Маре. Младиот пивот на Хрватска беше дел и од ЖРК Будуќност но поради големата конкуренција мораше да премине во Локомотива Загреб. Финансиската криза во клубот од Загреб беше причина Јежиќ да ја прифати понудата од Баја Маре.

Следната сезона Баја Маре ќе игра квалификации за Лигата на шампионите.