Кастратовиќ: Ќе биде тешко во Волгоград

Тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ во изјава за ЕХФ потврди дека нејзиниот состав го очекува тешко гостување во Волгоград. Натпреварот Динамо -ЖРК Вардар се игра во недела (15.02.2015) со почеток од 12ч.

Нема да имаме лесен натпревар во Русија, Динамо е втор на табелата во нашата група. Тие играат на домашен терен, но нашата задача ќе биде да одиграме концентрирано и да го дадеме најдоброто од себе”.