Кастратовиќ: Со ладни глави против Лајпциг

Без право на грешка македонскиот првак Вардар ја пречекуваат екипата на Лајциг во натпревар од осмото коло на група 1 од Лигата на шампионките. На денешната прес-конференција Вардарки преку тренерот Кастратовиќ и германката во „црвено-црните“ редови Алтхаус ја најавија борбата за место меѓу последните осум екипи.

Индира Кастратовиќ, тренер на екипата на ЖРК Вардар:
Имаме важен натпревар со Лајпциг, одиме чекор по чекор имавме 10 дена да се подготвиме и со ладни глави да се посветиме на Лајпциг. Верувам дека во сабота ќе биде добар натпревар и на крај ќе победиме.

FLP_5990-2
Ања Алтхаус, ракометарка на ЖРК Вардар:
Очекувам тежок натпревар,бидејќи го познавам германскиот тим, тие немаат што да загубат, ние се подготвуваме напорно, добро функционираме заедно и очекувам дека ќе прикажеме добра игра.

Натпреварот ќе се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански“ во сабота, 28.02.2015, со почеток од 19:00.Секоја купена влезница за овој натпревар ќе важи и за последниот натпревар на Вардар од главната фаза, против Динамо-Синара.


ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ