Кастратовиќ: Силната желба за висока победа ја доведе конечната победа во прашање!

Индира Кастратовиќ и Јованка Радичевиќ на прес-конференицјата по натпреварот од последниот натпревар во главната фаза од Лигата на шампионките искажаа загриженост за играта која ја прикажаа „црвено-црвените“ на натпреварот против Динамо Синара.
Јованка Радичевиќ, ракометарка на ЖРК Вардар:
Најважно е што победивме, не одигравме како што се договоривме. Преголема беше желбата да победиме со +9 направивме многу технички грешки и тука е проблемот. Криво ми е што не одигравме како што се договоривме, сега следува период во кој треба да се подготвиме за клучниот дуел кој не очекува против Ѓер.
Индира Кастратовиќ, тренер на екипата на ЖРК Вардар:
Битни се двата бода иако не испадна како што планиравме, одигравме лошо во одбраната, во напад требаше да одиграме трпеливо но силната желба за висока победа ги доведе двата бода во прашање. Сега имаме три недели да се подготвиме за Ѓер.