Кастратовиќ повторно во „Јане Сандански“ (ФОТО)

После четири години поминати на клупата на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ повторно ги бодреше девојките, но овојпат од трибините на „Јане Сандански“  заедно со својата ќерќа беше дел од публиката во дуелот меѓу Вардар и Астраханочка. Промената на кормилото на ЖРК Вардар дојде уште на стартот на Лигата на Шампионите кога поради лошата игра против ФТЦ Будимпешта, стручниот штаб се одлучи за промена.

varastr-8

Македонскиот шампион пред неколку дена објави дека помошникот на Кастратовиќ од последниот „Фајнал фор“ турнир – Давид Дејвис е нов тренер и ќе ја предводи екипата до крајот на сезоната.

Кастратовиќ останува во редовите на ракометното семејство Вардар, но овојпат како дел од академијата на клубот.