Кастратовиќ: Очекувам крајниот резултат да биде во наша полза!

Пред одлучувачкиот натпревар за првото место во групната фаза од Лигата на шампиони, ЖРК Вардар ја одржа редовната прес конференција.

Индира Кастратовиќ тренер на ЖРК Вардар:

Прв прес каде не морам да кажувам дека одигравме лошо, сеуште има простор девојките да се подобрат. Максимално се подготвуваме за Будуќност, кој е финалист од минатогодишниот Фајнл фор, очекувам крајниот резултат да биде во наша полза.

Барбара Лазовиќ, ракометарка ЖРК Вардар:

Позитивно е тоа што нашиот тим од натпревар во натпревар се подига. Треба да ги намалиме грешките и да одиграме агресивна одбрана, очекувам добар натпревар и позитивен резултат.

Гордана Нацева, претседател ЖРК Вардар:

Драго ми е што Вардар, Скопје, Македонија се домаќини на потенцијалните учесници на Фајнл фор. Наша цел е прво место во групата, очекувам да го продолжиме континуитетот и очекувам добар ракометен натпревар, извонредно регионално дерби. Верувам во нашиот тим и очекувам да ги забележиме двата бода.