Кастратовиќ: Ова беше еден од најдобрите натпревари за Вардар, од кога јас сум тренер!

Вардарки триумфално ја започнаа годината во Јане Сандански, што беше повод за одлично расположение во стручниот штаб.
Тамара Масар, ракометарка РК Крим:
Честитам на екипата на Вардар, тоа се одлични ракометарки кои се подготвени да победат без разлика на се. Ние одигравме лошо во првите 10 минути и потоа беше тешко да се вратиме дојдовме до четири голови негатива, ова е млада екипа и се надевам ќе играме подобро.

Андреа Пенезиќ, ракометарка на РК Вардар:

За нас беше тежок натпревар, по тоа во Лајпциг немавме право на грешка, одлично одигравме задоволна сум го решивме натпреварот во првото полувреме и секако Лејно одигра одличен натпревар.
Марта Бон тренер на екипата на РК Крим:
Им честитам на Вардар денес тоа беше фокусиран мотивиран Вардар. Ние сме во сосема поинаква состојба за разлика од Вардар ние сме млада екипа која сега се гради се враќаме по период кога имавме потешкотии го сменивме централниот бек и затоа треба време за воигрување.
Индира Кастратовиќ, тренер на екипата на РК Вардар:
Им се заблагодарувам за фер и коректна игра. Што да кажам по ваква игра… По толку лоша игра во Лајпциг, извлековме максимум големо благодарам, големо браво за девојките… Ова беше еден од најдобрите натпревари за Вардар од кога јас сум тренер.