Кастратовиќ: Не одигравме ништо од она што се договоривме!

По натпреварот кој значеше крај на надежите за „црвено-црниот“ состав од Скопје, крилните ракометарки на репрезентацијата на Црна Гора, Радичевиќ и Петровиќ овојпат во различни дресови заедно со своите тренери со свои видувања за вториот полуфинален натпревар меѓу Вардар и Будуќност
FLP_0853-2Јованка Радичевиќ, ракометарка на ЖРК Вардар
Честитки за екипата на Будуќност, тешко е да зборувам сега по натпреавр, бидејќи не одигравме ништо од она што се договоривме, одигравме лоша одбрана, имавме многу грешки, а кога имавме чиста шанса за гол Клара Волтеринг беше одлична. Но утре пред нас е нов ден, не очекува натпревар со Динамо, тежок противник и се надевам дека ќе одиграме подобрар натпревар од овој и ќе победиме.
Индира Кастратовиќ, тренер на екипата на Вардар
Сакам да и честитам на екипата на Будуќност за поголемата желба за победа. Разочарана сум од мојата екипа изгубивме со голема разлика, разочарана сум бидејќи не го одигравме тоа што се договоривме. Но утре не очекува нов дуел против Динамо и сега ќе се насочиме кон третото место.
FLP_0872-2
Радмила Петровиќ, ракометарка на ЖРК Будуќност
Среќна сум што дојдовме до победа и што испочитуваме се што се договоривме со стручниот штаб. Но овој натпревар е зад нас и сега размислуваме за финалниот дуел и за екипата на Ларвик.
Драган Аџиќ, тренер на екипата на Будуќност
Не е лесно да си фаворит и да одиграш против Вардар и затоа сум задоволен како девојките одиграа во сите шеест миути. Се вртиме кон Ларвик се надевам дека ќе се опоравиме навреме и ќе одиграме натпревар како овој вечерва. Им посакувам среќа на Вардар и благодарост за фер и коректниот однос.