Кастратовиќ: Мораме добро да се подготвиме тактички и психички бидејќи по тие шеесет минути нема назад!

Задоволство ја обиколи салата за конференции во спортскиот центар „Јане Сандански“ кога Вардар го доби својот трет противник во третото полуфинале на Лигата на шампионките. ЧСМ Букурешт навидум е најлесниот од групата титани во женскиот ракомет, но задачата мора сериозно да се одработи за нова историја на македонскиот женски ракомет. Ждрепката ја следеа и тренерот на екипата Индира Кастратовиќ, ракометарките Сара Ристовска, Ина Суслина.

Индира Кастратовиќ, тренер РК Вардар:

Јас како тренер и ние како стручниот штаб сме задоволни од противникот, но мора да бидеме со нозе на земја. Кој и да е на Ф4 мора да е квалитетен се познаваме добро. Сите ќе кажете лесно е против Букурешт, но нема да биде мораме да се подготвиме тактички и психички бидејќи по тие шеесет минути нема назад. Да не нè ставате во финале пред време, нормално дека не сакавме да биде Будуќност, но меѓу Ѓер и ЧСМ им дава мала предност на Ѓер пред се поради навивачите.