Кастратовиќ: Минатата сезона полуфиналето беше сè, освен ракомет!

По ждрепката во Будимпешта, јасно е дека пред Вардар следува најголемиот предизвик. Mинатата сезона Будуќност го запре походот на четата на Идира Кастратовиќ кон шампионската титула во полуфиналето, а истиот противник ќе застане пред Вардар и оваа сезона во првиот натпреварувачки ден од Ласло Папп арената. Реакциите на раководството на Вардар по извлекувањето на црногорскиот шампион се умерени, а знак за претпазливост е минатогодишниот дуел во Будимпешта.
Индира Кастратовиќ, тренер на екипата на Вардар:
Минатата година во полуфиналниот дуел, одигравме со Будуќност и загубивме. Но оваа година сме посилни, имаме нови ракометарки, а девојките подобро се подготвени и подобро се познаваат меѓу себе. Имаме три недели пред нас за анализа, не само за екипата на Будуќност, туку и на другите две екипи, се надеваме на пласман во финалето.
Минатата сезона полуфиналето беше сè, освен ракомет. Никој не треба да се сомнева дека нема да го дадеме свој максимум оваа сезона.
Сергеј Самсоненко, сопственик на клубот Вардар:
Не сакав да играме против Ѓер, но среќен сум што го поминавме, за Фајнл Фор турнирот немав некоја посебна желба, само посакував да не биде како лани. Будуќност е добра екипа ни се падна најтешкиот противник, на нас останува да се подготвиме и да се потрудиме да се пласираме во финалето.
Гордана Нацева, претседател на клубот:
Должници ни се, имаме шанса да им се реваншираме за најмалку два, а можеби и три натпревари, мислам дека имаме простор за да се подобриме и да ги победиме.