Кастратовиќ за 24Ракомет ТВ: Мислам дека ќе победи подобриот, а тоа е Вардар! (ВИДЕО)

Во пресрет на утрешното полуфинале против ЦСМ Букурешт, тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ смета дека Вардар е поискусен за два настапи на фајн-фор турнирот. Двете победи во групната фаза нема да ги опуштат ракометарките на Вардар и со максимален приод кон натпреварот победата не би требало да биде доведена во прашање. СЦМ Букурешт за разлика од групната фаза е засилен со враќањето на левиот бек Јоргенсен, но Кастратовиќ вели дека Вардар е подготвен и за неа.

Комплетната изјава на Кастратовиќ погледнете ја на следното видео.