Каспер Сондергард го пропушта првенство во Катар?

На вчерашниот тренинг на данската репрезентација Каспер Сондергард го повреди палецот во судир со еден од соигирачите. Колку е сериозна повреда на Сондергард сеуште не е познато, а се очекува денеска да бидат објавени резултатите по темелно извершен медицински преглед.

Данците имаат бројни проблеми пред почетокот на првеството бидејќи Бо Спелерберг има проблеми со петата додека Мортен Олсен заработи скршеница на носот.

Данската репрезентација настапува во групата Д и првиот дуел данците го играат на 16ти јануари против репрезентација на Аргентина.


 

Фото – hbold.dk