Касим Каменица после шок-мечот: Кристијанштад не измори со алтернативни одбрани

Екипата на Загреб можеше да си замине од Шведска со победа, но место тоа мораше да се задоволи со бод. После една вака пропуштена шанса против Кристијанштад, тренерот Касим Каменица имаше свое видување на она што беше направено на теренот.

„Тешка шок завршница за мојот тим. Задоволен сум во поголемиот дел од мечот. Повеќе од педесет минути игравме феноменално и можам да бидам задоволен. Посебно на задачите во нападот кои ги решававме добро во однос на противничката одбрана. Првиот проблем се случи со повредата на Павловиќ на стартот на второто полувреме кој требаше да биде замена за Валчиќ и да го одмори после одличните први 30 минути. Проблем е да се игра 60 минути на исто ниво. Тоа беше хендикеп. Несреќата почна со промашениот пенал на Хорват со кој ќе ја решевме средбата. Сепак, алтернативните одбрани екипата на Кристијанштад дојде до предност. Ни го успори нападот. Играчите на бековските позиции ги стигна заморот и недостигаше вистинско движење. Нема што да се каже за последното промашување на Хорват. Тоа е повеќе несреќно промашување отколку нешто друго. Од оваа екипа можеме да очекуваме многу повеќе, но потребно е уште да се работи“, изјави Каменица.

Инаку, Кристијанштад и ППД Загреб се противници на Вардар, па оттаму овој резултат од 28:28 е интересен и за „црвено-црните“.