Касим Каменица нема избор: Загреб мора да го совлада Металург

После поразот од Вардар во Лигата на шампионите утре екипата на Загреб ќе одигра нов меч во кој ќе се соочи со вицешампионот на Македонија, Металур во СЕХА-лигата. Тоа е продолжување на средбите во регионалната лига, а на овој меч тимот од Хрватска очекува далеку подобар резултат отколку вчера.

„Немаме друг избор освен да дојдеме до победа на дуелот против Металург. Не сакам да се оптоварувам со она што беше лани. Не би било добро така млада екипа како Металург да ни одржи лекција со својата борбеност и трка. Денешниот ден ни е доволен за да извршиме рекуперација и подготовка што не е нималку лесна задача, но ние сме во ситуација каде што немаме премногу избор. Со поразот во Прешов и домашното реми против Целје загубивме некои важни бодови и затоа од голема важност е од дуелот со Металург да ги однесеме сите три бода“, изјави пред средбата тренерот на ППД Загреб, Касим Каменица.