Карачиќ: Tешко беше да си заминам од Скопје, но дојде време за нов предизвик!

Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ по седум години си замина од европскиот шампион Вардар. Негова следна станица е полскиот Келце, каде што ќе биде замена за неговиот соиграч од националниот тим, Лука Циндриќ.

Карачиќ вели дека не му било лесно да си замине од Вардар и од Скопје.

„Дојде време за нов предизвик. Кога вторпат ќе се искачите на врвот на Европа, време е за промена. Пристигнав во Вардар пред скоро осум години. Никој тогаш не ни помислуваше дека ќе ги оствариме успесите кои се случија во последните три години. Како мало дете сонував да ја освојам титулата во Лигата на шампионите, а тој сон два пати ми се оствари. Тешко ми беше да кажам збогум на Вардар, на Скопје и на сите луѓе кои ги сретнав таму. Се чувствувам како дома кога сум во Скопје. Добив пријатели за цел живот, но спортот е таков и никогаш не знаеш каде ќе те однесе“, изјави Хрватот.

Карачиќ, исто како и Циндриќ претходната сезона ќе се врати во Скопје веднаш по заминувањето од „црвено-црните“ редови, бидејќи Вардар и Келце се во иста група од Лигата на шампионите.