Карачиќ: Ја испративме македонската и вардаровата публика како што заслужува (ВИДЕО)

Ракометарот кој е најдолго во дресот на Вардар од интернационалците меѓу „црно-црните“, Игор Карачиќ имаше што да каже после победата против тимот на Пик Сегед. Дека тој ќе го напушти Вардар јасно е веќе некое време, но последните случувања само предизвикаа уште повеќе емоции кај секој од играчите.

„Не беше лесно да се игра. Солзите беа во очите кај секого од првиот до последниот. Сепак, се вративме на терен и дадовме сè од себе. Мислам дека ја испративме македонската и вардаровата публика онака како што заслужува и сите го оставивме срцето на теренот“, коментираше Игор Карачиќ пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Карачиќ ќе можете да ја погледнете во видеото во продолжение.