Карачиќ: Цела оваа сезона е чудо, но игравме и денес со срце за Вардар

Игор Карачиќ денеска одработе силна средба. Тој во финишот од мечот се пожали на болки во пределот на листот. Не можеше да го доврши мечот на терен, но се надева дека утре ќе може да помогне во финалето против Веспрем.

„Во 50 минута почувствува грч во листот. Ќе мора да се снима и се надевам дека ништо не е сериозно. Цела оваа сезона е чудо. Сите добро знаат што е и како е во Вардар. Да не се повторувам, но сите ние играме со срце за Вардар. Можеби и 95 проценти од Европа не верува во нас освен ние самите, навивачите и новинарите. Ќе се обидеме да собереме сили. Преморени сме особено оние 5-6 кои играме постојано. Ќе биде тешко утре против Веспрем. Како што зборувавме и пред Барселона. Без разлика кој е нашиот протвник, ние сме Вардар и ние против никого не се предаваме“, коментираше Карачиќ веднаш после новата голема победа против Барселона на Ф4 во Келн.

Финалето е утре од 18 часот, па Карачиќ ќе има доволно време за да собере сили и да им помогне на колегите.