Карачиќ: Сè ме потсетува на 2017 година…

Играчот кој заедно со Стојанче Стоилов е најдолго во дресот на Вардар од играчите кои се во овој состав, Игор Карачиќ пред утрешната пресметка со Барселона вели дека сета атмосфера и начинот на кој се подготвуваат и ги очекуваат средбите го потсетуваат на она што што беше пред две години.

„Сето ова ме потсетува на 2017 година. Дојдовме во Келн без притисок, сакаме на сите да им ги замрсиме сметките. Тоа ни успеа пред две години. Лани дојдовме освојувачки и имавме премногу притисок. Се радувам на овој Ф4. Немаме што да загуиме. Играме според мене најдобриот тим не само во Европа туку и во светот. Нивниот ростер е феноменален. Сепак, годинава Вардар покажа дека има карактер и срце и дека се враќа од тешки ситуации. Ќе дадеме сè од себе за да ја совладаме Барселона. Ова ни е трета година, а знаеме дека што е поголемо искуството. Секој има 25 проценти шанса за титулата. Ќе дадеме се од себе за да дојдеме до успех“, рече Карачиќ.

Тој коментираше и за тоа како тимот на Вардар се издигна и покрај сите проблеми во последните месеци дојде до уште еден Ф4 турнир.

„Вардар не се случи преку ноќ туку се градеше од нашиот поранешен претседател Михајло Михајловски преку Сергеј Самсоненко од година во година, од ден во ден. Се градеше катактерот и срцето на тимот. Секој тренер носеше нешто ново, а Парондо ни донесе некоја нова енергија и позитива. На сè доаѓа крај и се потребни промени. Мислам дека Вардар добро го искористи доаѓањето на Парондо. Раул беше сјаен и најдобар тренер кој бил некогаш во Вардар. Сепак, таа промена дојде добро и играчите одлично ги сложија работите.  Се пронајде хемијата во екипата, а иако Вардар беше во беспарица и проблеми најдовме начин како да излезме од нив и знаеме како треба тука“, заврши Карачиќ.

Пред две години беше дел од тимот кој го надигра составот на Барселона, па добро знае како треба да биде и утре кога Вардар ќе игра против Каталонците во ново полуфинале од 18 часот.