Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ пред два дена и официјално беше промовиран како засилување за полскиот шампион Келце.
Сепак седумте години поминати во Вардар и во Скопје оставиле голема трага кај Карачиќ, па Хрватот веднаш по промоцијата во Келце, не се врати дома, туку дојде во македонската метропола.
Столе Стоилов се пошегува на социјалните мрежи и напиша:
„Дојде да ја бара петката“, алудирајќи на барањето дозвола на Карачиќ од Столе за да го облече дресот на Келце со број 5.