Карачиќ: Посакувам титула за збогум со Вардар и со СЕХА, но еден ден може ќе се вратам (ВИДЕО)

Ракометарот кој на крајот од оваа сезона го напушта Вардар, а со тоа и СЕХА-лигата, со оглед на тоа што се сели во Келце, Игор Карачиќ пред дуелот против Мешков Брест најави голема мотивација за победа и освојување на трофејот. Титулата е во мислите на сите играчи, а самиот вели дека ќе даде максимум бидејќи сака да си замине од клубот со уште трофеи.

„Од првиот ден на СЕХА-лигата сум на терен. Натпреварите одиграни во оваа лига ми помогнаа да се развијам како играч. За жал после седум години во Вардар морам да си заминам. Кој знае можеби еден ден ќе се вратам. Самите си посакуваме да освоиме уште една титула пред крајот на сезоната. Особено јас кој си заминувам, посакувам да се простам со уште една титула во СЕХА што би било навистина одлично“, изјави Карачиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.